Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Во Охрид отворен нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска, заменикот министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, претставници од Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, денеска го отворија Центарот за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар во Општата болница во Охрид. Овој центар се отвора со поддршка од бугарската амбасада и „Во мојот свет“.

— реклама —

- Станува збор за Центар од регионален карактер, кој ќе опфати деца од поширокиот регион: Охрид, Кичево, Струга, Дебар и Ресен. Предвидено е да се опфатат околу 120 деца на возраст од 2 до 8 години со што значително се олеснува пристапот до овој вид услуги за овие дечиња. Во моментот се финализира постапката околу ангажирање на кадарот и веќе на почеток на јануари Центарот почнува со работа. Кадарот се состои од врвни стручни лица за третман на овие лица, како што се: детски невропсихијатар, логопеди и дефектолози, а паралелно ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел унапредување на сеопфатната грижа кон лицата со аутизам, изјави министерот Филипче.

— реклама —

Министерот изрази благодарност до амбасадата на Република Бугарија за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, како и до Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, кое е посветено на унапредување на третманот на лицата со аутизам во сите сфери на општественото живеење.

— реклама —

- Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд во континуитет работи на изнаоѓање решенија за одржливост на овие услуги и очекуваме дека ваквите центри ќе бидат пример и ќе отворат можности за отворање слични центри за лицата со попреченост, за полесен пристап до услугите кои им се потребни, посочи министерот Филипче.

— реклама —

Освен третманите на лицата со аутизам ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел подобра грижа кон лицата со аутизам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања