Промени тема
Контакт

Во Охрид се одржа трибина за промовирање на законот за спречување и заштита од дискриминација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
HAB_diskriminacija_050523003

Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска во Охрид организираа трибина со наслов „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид“.

На трибината свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

– Чест и задоволство ми е што денес имам можност да бидам дел од оваа трибина на која пред граѓаните на Охрид ќе се промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и ќе се презентира работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Се радувам, што водени од нашите определби за социјална правда и инклузија, веќе имаме донесено мерки и законски рамки со кои треба да обезбедиме еднакви можности и подобар живот за сите граѓани.

Креирањето на еднакво и праведно општество е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници и државата во целост.

— реклама —

Само преку заедничка соработка и единство можеме да дадеме придонес во борбата против сите облици на дискриминација. Јакнењето на свеста за толерантно општество е значајно и за поголемо почитување и вреднување на човековите права.

Верувам дека на ваков начин и преку вакви настани и во иднина ќе продолжиме да ја промовираме различноста и ќе се посветиме на создавање инклузивност во сите сфери на општественото живеење.

— реклама —

Мораме да се потрудиме да ги учиме и воспитуваме идните генерации на поголема емпатија, љубезност и соживот. Само така ќе бидеме сигурни дека сме на вистинскиот пат и дека градиме подобар свет за сите нас.

Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка, да ги слушне потребите, да реализира проекти за поголема социјална правда и сигурност. Ќе продолжиме да работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво со цел да обезбедиме подобра иднина за сите граѓани.

Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа посакувам да имаме успешна и ефективна трибина, со надеж дека и во иднина ќе организираат слични вакви настани, истакна Пецаков

— реклама —

На трибината се разговараше за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација.

Оваа трибина е прва активност во општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања