Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Во Охридско превентивни, но и репресивни мерки за поефикасна заштита и превенција од пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
trska-2

СВР Охрид ги интензивира мерките на превентивен и репресивен план, со цел, поефикасна заштита и превенција од пожари. Во таа насока, а со цел натамошно позначително и покоординирано дејствување на терен, беше одржан работен состанок со претставници на Терериторијалната противпожарна единица, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие-шумско стопанство „Галичица“, шумската полиција и на Центарот за управување со кризи. Притоа, се договорија конкретни плански и зачестени координирани мерки на сите служби и поефикасна меѓуинституционална соработка како и нагласена и доследна примена на законските казнени одредби кон лицата кои ќе бидат затекнати како подметнувачи и предизвикувачи на пожари.

— реклама —

На превентивен план, предвидени се средби со жителите од сите населени места во општините Охрид и Дебрца, со цел нивно информирање за правилниот начин за расчистување и палење на стрништата и необработливите површини и истовреман заштита на соседните ниви и објекти. Договорени се мерки и со Јавните комунални претпријатија и со градежниот инспекторат за спречување фрлањето шут покрај пристапните патишта до шумите како и зачестени контроли на обработливите земјоделски површини од Инспекторатот при Министрество за земјоделство.

Предвидена е обнова на ознаките за предупредување поставени по шумските терени како и формирање повеќе работни групи кои ќе ги запознаваат граѓаните за безбедносните мерки и казнените одредби.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања