Промени тема
Контакт

Во Поградец се одржа состанок на високо ниво за заштита на Охридскиот Регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272460415_1404278773336696_2465730208885557802_n

Денеска во Поградец се одржа состанок на високи претставници на централната и на локалната власт на Северна Македонија и на Албанија на кој беше констатирано дека националните комисии за УНЕСКО се обврзуваат да работат со своите соодветни владини претставници на зајакнување, партнерство и визија за надградба до највисоко ниво на билатерален управувачки механизам за Охридскиот Регион. На тој начин се истакнува заедничката посветеност кон успешната имплементација на Конвенцијата за светско наследство, како и кон заштитата и зачувувањето на неговата исклучителна универзална вредност.

На состанокот на заедничкиот Комитет за управување со сливот на Охридското Езеро присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како и владините претставници на Република Албанија – заменик-министерката за култура Мери Кумбе и министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро Фурџи. Свој придонес на средбата дадоа и градоначалниците на Поградец, Корча, Охрид, Струга и на Дебрца, како и други претставници на релевантни институции од Република Северна Македонија и од Република Албанија.

— реклама —
— реклама —

Присутните се согласија дека со овој состанок се потврдуваат заложбите од заедничката Декларација донесена минатата година, а со подигнувањето на статусот на заедничкиот Комитет за управување со сливот на Охридското Езеро на политичко ниво, се прави важен чекор со што се презема директна одговорност за заштитата на Охридскиот Регион.

— реклама —

На состанокот беше констатирано дека прва заедничка и суштинска обврска е изработката на Стратегискиот план за рехабилитација на Регионот, кој треба да се достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, како и на заедничкиот Извештај за состојбата со заштитата на „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион“, што всушност претставува еден вид патоказ за државите во исполнувањето на барањата и препораките на УНЕСКО за одржување на статусот на ова светско наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања