Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во понеделник акција за собирање стара облека во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-libraryebrolrb4j3oi2l3cd6T

ЈП „Охридски комуналец“ ги информира граѓаните дека во понеделник ќе имаат можност уредно да ја одложат старата облека во контејнерите на „Тексомак“, поставени на однапред утврдените локации низ градот.

— реклама —

Од претпријатието апелираат акцијата да се искористи за правилно отстранување на текстилниот отпад, со што ќе се придонесе кон намалување на количините отпад што завршуваат на депониите и ќе се поттикне одговорно постапување со употребливата облека.

— реклама —

Воедно, упатен е повик до граѓаните на кои им е потребна облека да се обратат преку зелениот телефон, со цел да добијат дополнителни информации и соодветна поддршка.

Од ЈП „Охридски комуналец“ потсетуваат дека одлагањето на облеката во контејнерите поставени во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно исклучиво во рамките на работното време на училиштата.

— реклама —

Притоа, нагласуваат дека во рамките на оваа акција не се прифаќаат стари обувки, чанти и други слични предмети, туку исклучиво текстилна облека наменета за понатамошен третман.

— реклама —

Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да покажат солидарност и еколошка одговорност, со правилно одлагање на старата облека и почитување на утврдените правила за акцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања