Во понеделник без вода дел од Ново Лисиче, Аеродром, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
41897906_1985141868198682_8841070576861708288_o

Реконструкција на водоводна линија на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должина од 450 метри, која беше најавена од директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски успешно заврши.

— реклама —

„Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Поради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција, на ден 12.11.2018 (понеделник) без вода за пиење од 9 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - стамбените објекти над  5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. Ова го правиме во интерес на граѓаните на посочените населени места се со цел во иднинда да не се соочуваме со досегашните проблеми“, велат од ЈП Водовод и Канализација

— реклама —

Исто така оттаму информираат дека кај дел од корисниците во Кисела Вода може да има намален притисок додека траат активностите.

— реклама —

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања