Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Во понеделник промоција на ЦД на Петар Ренџов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Pepi-Rendzov-1

Во понеделник, 24 декември 2018 г. во 20 часот, во клуб-ресторанот “Портофино”, ќе биде промовиранo најновото ЦД издание на Петар Ренџов, насловено како „Jazzilka”.

Најновиот музички албум „Jazzilka“ (Џезилка), во содејство со повеќемина врвни музички инструменталисти, е создаден од потребата во Македонија да се продолжи со имплементирање на џез музиката во останатите музички жанрови, како врвна и есенцијална димензија во музичката уметност. Со естетика, потврдена од  претходните негови изданија, Ренџов во „Jazzilka” се претставува како автор или аранжер на 13 композиции, нови возбудливи музички креации со текстови од истакнати автори од македонската книжевност и литература.

— реклама —

Новото издание на Петар Ренџов, „Jazzilka”, ќе биде претставено и концертно пред пошироката публика, во рамки на промотивните активности во 2019 година.

— реклама —

Авторот и гитаристот Петар Ренџов,  долги години делува на македонската музичка сцена. Тој е признат изведувач и учесник во преку 20 музички проекти, а неговото име е тесно поврзано со многу од познатите интерпретатори на забавната музика. Водител на “Котон Клуб”, емисија за блуз и џез музика на Алфа ТВ (2010-2012) год. и автор на три музички ЦД проекти – Сонот на невестата (2005), Темјаника (2009), Бела Салсита-Тумбао салса бенд  (2014).

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања