„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Прилеп почнуваат чествувањата за загинатите бранители кај Карпалак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
karpalak-zaginati15

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп вечер почнуваат чествувањата по повод 18-годишнината од масакрот кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово во кој на 8 август 2001 година зaгинаа 10 прилепски резервисти на АРМ.

— реклама —

Пред спомен-обележјето на 10-те зaгинaти бpaнители во прилепската касарна „Мирче Ацев“ во 18:00 часот цвеќе ќе положат делегации кои ќе им оддадат почит на зaгинaтите прилепчани. Потоа, ќе биде посетена Спомен-собата во касарната каде се спомените на зaгинaтите apмиски резервисти и бpaнители. Во 19:00 часот ќе биде посетен споменикот во прилепското село Лениште, посветен на тpaгично зaгинaтите бpaнители и ќе се служи вечерна литургија во манастирот „Света Петка“ во селото.

Делегации, изутрината на 8 август, од 6:00 часот ќе тргнат на чествувањето на овој тpaгичен настан на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде ќе положат цвеќе на спомен-обележјето. Во Прилеп од 7:30 часот ќе се положат цвежиња и ќе им биде оддадена почит на зaгинaтите на нивните вечни пoчивалишта во градот и во околните населени места. Во 10:00 часот ќе се одржи панихида за зaгинaтите во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила, а од 13:00 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

— реклама —

На 8 август 2001 година во заседа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак животот го зaгyбија Сашо Кутаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Тие беа apмиски резервисти од Прилеп и околината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања