Во водите на прилепското вештачко езеро изутринава е најдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка која исчезна кога излегла од својот дом околу 23 часот на 16 декември.Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката, објави ТВ 21.
Прилепчанката, 50-годишната Весна откако излегла од домот не се вратила. Во градот и во околината изминативе денови се пребаруваше се со цел да се пронајде жената.
Текстот во целост на: ТВ 21.