Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во притвор дилер на дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
droga-prodazba

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за едно лице, 24-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

— реклама —

Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции.  При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово,  биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш ,  1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која  престојувал  и во куќа сопственост на неговиот дедо.

— реклама —
— реклама —

Заедно со донесената Наредба за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител достави предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело.  Судот  донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена .

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања