Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во притвор дилери на дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Наредби за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Кавадарци  во два одделни предмети против две лица,  43-годишен неготинец и 30-годишен жител на с. Корешница, Демир Капија, поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

— реклама —

При извршен претрес на дом и други простории, на 20 февруари, во домот на осомничениот неготинец биле пронајдени тринаесет најлонски пакувања  наротична дрога кокаин во вкупна количина од 16,19 грама и шест најлонски пакувања наркотична дрога хероин во количина од 36,58 грама, кои осомниениот ги држел неовластено заради продажба.

— реклама —

Истиот ден во одделна акција при личен претрес кај жителот на Корешница биле пронајдени импровизирана-цилиндер епрувета со 5,82 грама амфeтамин и 42,1 грам наркотична дрога марихуана спакувана во пет најлонски пакувања.

Јавните обвинители кои постапуваат во предметите  доставија предлози за определување на мерката притвор за осомничените, по кои судија на претходна постапка во Основниот суд Кавадарци со решенија определи притвор за секоe од лицата во траење од по 30 дена.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања