Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Во програмата на Георгиески предвидени подобрени услови за спорт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Основниот услов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото  воспитување и рекреацијата во Охрид е постоењето на доволен број спортски капацитети. Затоа нашата цел е постојано да вложуваме во модернизација на спортските објекти, кои  се главен ресурс за функционирањето на постоечките спортски клубови и важен сегмент  за развој на спортскиот туризам, истакна Сашо Ставрески на пресс конференција на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.

— реклама —

Веќе имаме преземено конкретни мерки на ова поле. Во соработка со ФФМ и УЕФА, ги  започнавме потребните процедури за реконструкција на постојните и изградба нова  трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини Извори“. Вредноста на овој проект,  изнесува 800.000 евра и со неговата реализација, Охрид ќе добие услови за организација  на поголеми спортски настани.

Исто така започна изградбата на спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, а во  Програмите за образование е предвидена изградба и на спортски сали и во основното училиште „Кочо Рацин”, во основното училишпте „Ванчо Николески” во село Лескоец и  во Угостителското училиште „Ванчо Питошески”.

— реклама —

Во насока на подобрување на условите за спорт, даваме континуирана поддршка на  Ракометниот клуб „Охрид” и Општинскиот фудбалски клуб „Охрид Лихнидос” како и на многу други спортски клубови во градот. Исто така во рамки на активностите посветени за развој на спорот, извршена е санација на просториите на ФК„Лакочереј“ и ФК„Воска“ како и реконструкција на трибините и теренот со вештачка трева.

Постојано даваме поддршка на спортските настани кои се од големо значење за Охрид. Веќе се издвоени средства од општинскиот буџет за овогодинешните изданија на Охрид Трчат, Охридскиот пливачки маратони, Балканското првенство-Триатлон, Охрид Траил, Баскет Турнирот 3 X 3, Веслачката и Едриличарската регата.

Во насока на подобрување на условите за спорот, планираме да изнајдеме начини за изградба на нов спортски комплес кој ќе биде во форма на придружен објект на постоечкиот спортски центар „Билјанини Извори“. Комплексот ќе има затворени и отворени спортски објекти, кои ќе располагаат со сите потребни инсталации, реквизити и опрема наменети за изведување на различни спортско-рекреативни активности.

Во делот на развојот на спортот исто така ќе поведеме иницијатива, Охрид конечно да добие соодветен Центар за развој на водените спортови, а за да ги поттикнеме младите да спортуваат, планираме обновување на веќе постоечките спортски терени во населбите и изградба на нови спортски игралишта на неколку локации.

Подеднакво   сме  посветени на развој на сите   сфери  од секојдневното живеење,  имамереални планови и остварливи проекти,  кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации во нашиот  град. Охрид заслужува да оди напред, охриѓани заслужуваатповеќе!

На 21-ви април да излеземе и да гласаме за нашиот кандидат за градоначалник д-р Константин Георгиески и да обезбедиме уште една голема победа! Заедно Напред, За Охрид, истакна Ставрески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања