Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали, вели Бислимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bislimovski1

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Кумулативно ако се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци РКЕ има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци (1 јануари 2022 до 28 февруари 2023) во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија. Односно со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања