Промени тема
Контакт

Во решавањето на прашањата со Бугарија, Владата, инистуциите, не отстапуваат од црвените линии, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Владата предводена од СДСМ е посветена на заштита на државните и националните интереси, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

„Во решавањето на прашањата со Бугарија, Владата, инистуциите, не отстапуваат од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии.

— реклама —

За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема и нема да има никакви преговори.

Од друга страна целата домашна и меѓународна јавност сведочи на деструктивното постапување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

— реклама —

Во период кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги засилија лажните вести и деструктивните постапки.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира.

— реклама —

Тоа е срамно, неодговорно и недозволиво однесување на Мицкоски и ВРМО-ДПМНЕ со што нанесуваат штета на државните позиции и националните интереси.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да покажат одговорност и да престанат да одработуваат за туѓи интереси.

— реклама —

Граѓаните, државата, не заслужуваат најголемата опозициска партија да им нанесува штета само заради задоволување на лични и партиски интереси.

Време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, а потоа да престанат со штетното делување по државните и националните интереси“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања