„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Ријад направени договори од 56 милијарди долари и покрај страшното убиство на новинарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Властите на Саудиска Арабија соопштиле денес дека биле потпишани договори вредни 56 милијарди долари на овонеделната инвестициска конференција во Ријад, и дека САД ќе останат клучен партнер на Саудиска Арабија, и покрај делумниот бојкот на тој собир поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

— реклама —

Еден број водечки светски службеници и директори на компании од САД и Европа ја бојкотирале тридневната инвестициска конференција која почнала во вторникот, но, и покрај тоа, конференцијата "Идни инвестициски иницијативи" привлекла стотици бизнимени и владини службеници од земји ширум светот.

— реклама —

Главна цел на тој настан е привлекување на странски капитал за да се поддржи спроведувањето на саудиските економски реформи.

"Направени се повеќе од 25 договори во вредност од 56 милијарди долари", изјавил саудискиот министер за енергетика Калид Ал Фалих на државната телевизија, додавајќи дека со американски компании биле потпишани најмногу договори.

"САД ќе останат клучен дел од саудиската економија бидејќи интересите кои не врзуваат се многу поголеми од интересите кои ослабеа со неуспешниот бојкот на конференцијата", изјавил тој.

Убиството на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул предизвикало критики од целиот свет, а Саудиска Арабија дури по повеќе од две недели соопштила дека Кашоги бил убиен во нејзиниот конзулат во Истанбул.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања