Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Во рок од 24 часа во Македонија пронајдени две безживотни тела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
telo

Вчера попладне во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило, а другото безживотно женско тело е пронајдено оставено во црна кеса во селото Горно Оризари.

Два трупа пронајдени во рок од 24 часа ја вознемирија македонската јавност. Случајот кај Турија го потврди МВР во изјава што ја пренесоа повеќе македонски медиуми, информирајќи дека трупот е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.

— реклама —

Во вториот случај, вработен во Комуналното претпријатие во Скопје, наишол на црна пластична кеса со безживотно тело, додека патувал кон селото Горно Оризари.

— реклама —

Инаку за многу кратко време ова е втор случај на пронајдено мртво тело во струмичката акумулација.Кон крајот на јуни телото на струмичанецот Ристо Иљашев е пронајдено во метално буре исто така во водите на браната Турија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања