Во сабота со почеток од 11 часот се организира протест во Струмица против рудникот „Иловица-Штука“.
„РУДНИК НЕМА ДА ИМА!!!
Ова не е обичен протест, ова не е негодување против партиските паразити, ова не е дневна политика, ова е бунтовен крик на животот наспроти пресудата од елитите на бавна и сигурна смрт!
Никој нема да биде поштеден затоа што никој, никогаш и никаде не избегал од отровите што вечно ќе ни останат во наследство од непромислената човечка алчност и кусогледост.
Македонија се бори - од секој нас зависи!
Излезете масовно и сите заедно да застанеме против рудникот на смртта во Иловица-Штука!
Се гледаме на 15ти јули 2023 во 11:00 часот на раскрсницата пред Глобал во Струмица
#РудникНемаДаИма
#МакедонијаСеБрани“, стои во објавата.