Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во сабота протест против рудникот „Иловица-Штука“: Време е да ја земеме судбината во свои раце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
357453815_551911603822454_7453999002068985639_n

Во сабота со почеток од 11 часот се организира протест во Струмица против рудникот „Иловица-Штука“.

— реклама —

„ПРОТЕСТНА БЛОКАДА: ЗАЕДНО ПРОТИВ РУДНИКОТ!

Почитувани жители на Македонија, соборци, сограѓани, без разлика на пол, вера, социјален статус, политичка и било каква друга определба, на Струмичката Котлина ѝ се заканува грозоморно убиство! Со последниот потег на корумпираните судови и Владата, рударските корпорации се на чекор да го отворат геноцидниот и екоцидниот проект рудникот „Иловица-Штука“!

— реклама —

После алармантната вест за спојувањето на концесиите, реакциите на здраво-разумните Луѓе не стивнуваат! Нивниот и нашиот став е кристално јасен - ќе се бориме до крај!

Во знак на протест на неразумната одлука, ве повикуваме СИТЕ ЗАЕДНО да го изразиме нашиот револт за да ја одбраниме Струмичката Котлина, (нејзините животоносни продукти, а со тоа и цела Македонија!) од алчните злосторници и нивните соработници, кои со отворањето на рудникот, подмолно и беспоштедно сакаат да нѝ ги отрујат трите основни извори за живот: водата, почвата и воздухот! А тоа води до трајно исселување од нашите огништа и засекогаш да ја напуштиме нашата котлина преполна со живот!

Затоа, ги повикуваме сите поединци, граѓански здруженија, спортски, велосипедски, планинарски, моторџиски и разни организации од Струмичката Котлина, од Југоистокот и од цела Македонија на ПРОТЕСТНА БЛОКАДА во Струмица!

Блокадата ќе се одржи на 15 јули, (сабота) со почеток во 11.00 часот, на раскрсницата на центарот во Струмица веднаш до градскиот пазар „Глобал“.

Време е да ја земеме судбината во свои раце и јасно да им ставиме на знаење дека никаков рудник за злато и бакар нема да има во Иловица-Штука!

Татковината се брани активно со дела!

ИЗЛЕЗИ НА ПРОТЕСТНА БЛОКАДА И ДИРЕКТНО УЧЕСТВУВАЈ ВО ОДБРАНАТА НА СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА!!!“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања