Премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се сретнат во сабота попладне во Владата за да ги договорат деталите околу формирање на техничката влада.
Претседателот на собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите откри дека Власта и опозицијата се согласиле без блокада да поминат 40 закони во Собранието кои се врзани со примена од 1 јануари. Станува збор за закони од областа на финансиите, социјала и здравство, меѓу кои се и законите за платите и пензиите кои Заев ги посочи како услов за негова оставка. Партиите сепак без конзензус за законот за одбрана.
фото: Архива