Промени тема
Контакт

Во СДСМ не може да набројат ни два проекти во изминатите сто дена, а не пак да презентираат отчет, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Во СДСМ не може да набројат ни два проекти на нивните градоначалници во изминатите сто дена, а не пак да презентираат отчет, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ и ДУИ освен што се синоним за криминал и корупција, се познати и по својата неспособност, неработење и неодговорност. Тие оставија неколку десетици милиони евра долгови во општините поради нивните матни зделки, ненаменски трошења и луксуз.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквата ситуација која ја наследија и покрај сегашните опструкции од централната власт успеаа да завршат и започнат 1090 проекти,

— реклама —

Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии.

— реклама —

Само во Охрид во финална фаза е реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република. Булеварот „Македонски просветители“ е веќе навлезен во втора фаза од реализација, како и катната гаража која е влезена во финална фаза.

Во Битола отпочна проектот за рехабилитација, реконструкција и зградба на 23 улици, во Ресен асфалтирани се 10-тина локални патишта и улици. Во Прилеп во завршна фаза е поставувањето на новиот цевковод во должина од 3.000 метри, Општина Илинден гради ново основно училиште, а наскоро општините Кавадарци и Велес ќе добијат нови затворени градски пазари.

— реклама —

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат и умеат, со нова енергија и план, со посветена работа и визија за подобар живот на сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања