Промени тема
Контакт

Во сиднејскиот затвор почина хрват серискиот убиец чии убиства во 90-тите ја ужаснаа Австралија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
ivan

Во сиднејскиот затвор Лонг Беј денеска почина Иван Милат (74), чии монструозни сериски убиства на млади автостопери на почетокот на 90-тите години од минатиот век ги ужаснаа Австралијанците, соопштија затворските власти.

— реклама —

Неговите жртви се две Британски на возраст од 21 и 22 години, двајца 19- годишни Австралијци и тројца млади Германци , на кои им нудел да ги вози. Телата биле откриени помеѓу септември 1992 и ноември 1993 година, закопани во шумата Беланго, на околу 150 километри јужно од Сиднеј. Некои биле заклани, а некои застрелани. Милат исто така беше главниот осомничен за убиствата на три жени кои исчезнаа десет години порано, но нивните тела не биле пронајдени.

— реклама —

Иван Милат е уапсен во мај 1994 г. благодарејќи на сведочењето на британски автостопер, кој чудесно успеал да избега и беше осуден во 1996 година.

— реклама —

Во затворот, тој си  го отсекол прстот и му го испратил на судијата.

— реклама —

Во 2015 година, братот на Иван, Борис Милат, изјави пред новинарите дека е сигурен дека полицијата не ги пронашла сите негови жртви и смета дека тој има убиено 28 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања