„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Скопје 14 сообраќајни незгоди, девет лица повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

  Девет лица се полесно повредени во вкупно 14 сообраќајни несреќи што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во седум од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.

— реклама —

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 82 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 23 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување под дејство на алкохол, 20 без стекнато право на управување со моторно возило и еден почетник.

Од сообраќај полицијата исклучила 12 возила кои не биле регистрирани. Непрописно паркирани биле 118 возила, а пајак службата подигнала 92 возило.

— реклама —

Полицијата санкционирала и двајца пешаци кои поминале коловоз  вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување и двајца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања