Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Во Скопје подигнати 92 возила со „пајак“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Во текот на изминатиот ден (09.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло.

— реклама —

Во текот на изминатиот ден издадени се 123 мандатни платни налози и 92 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои едно лице го загубило животот, а пет лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања