Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

„Во Скопје се губи и она малку зеленило што остана“ - градскиот парк да се прогласи за заштитено подрачје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
gradski-park

Биологот Кирил Арсовски – Пржо, кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија повика Градскиот парк во Скопје да се прогласи за заштитено подрачје, објаснувајќи дека овој дел од градот ги исполнува условите да биде внесен во таа категорија.

Како што вели, поради интезивното и агресивното урбанизирање на Скопје, се' повеќе се губи и она малку зеленило во градот. Бидејќи не се почитуваат ни основните урбанистички правила и стандарди се појавува потребата Градскиот парк во Скопје, да се прогласи за заштитено подрачје.

— реклама —

Градскиот парк, како најголема зелена површина во градот е дом на многу видови, мали живеалишта и екосистеми.

— реклама —

Екологот Арсовски – Пржо објаснува дека според неколкуте спорадични истражувања знаеме дека паркот привремено или постојано го населуваат околу 90-тина видови птици, езерата се дом на многу видови на влечуги и водоземци, а паркот на илјадниците безребетници. Зеленилото во паркот има и ретки примери на гинко, багреми и две огромни стари стебла од џиновска секвоја меѓу другото.

— реклама —

Градскиот парк, вели тој, со своите езерца може да се смета и за еколошко-историски наследник на старите Вардарски ракави, езера, рипариски шуми и влажни ливади што значи чува и дел од старите екосистеми на Скопје. Само според библиографската анализа, Градскиот Парк во Скопје заслужува да биде заштитен во категоријата III Споменик на природата според Законот за природа и IUCN.

„Споменик на природата природно или природно-културно обележје од исклучителна или единствена вредност поради неговата реткост, естетски квалитет или културно значење. Градскиот парк поради неговото историско, културно, естетско, а сега и еколошко значење ги исполнува условите за оваа категорија“, вели билогот.

Понатаму, тој објаснува дека урбани паркови може да се заштитени споменици и тоа не е никаков еколошко-правен преседан, а пример за тоа се: Дворката градина во Сремски Карловци, Каменичкиот Парк во Сремска Каменица, Паркот Бландаш во Кикинда, Жупанискиот парк во Зрењанин и секако Дунавскиот парк во срцето на Нови Сад.

Се апелира дека со цел заштита на паркот од идни, себични и недомаќински харања и уништувања, МЖСПП и Град Скопје мораат под итно да ги започнат истражувањата на просторот. Законска заштита не значи ништо сама по себе, вели екологот, но е прв чекор кон покажување на грижа кон природното наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања