Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Во Скопје се возело без возачка, нерегистрирани возила, се разговара на мобилен телефон додека се вози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден (25.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 37 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 14 возила биле Оддел за односи со јавност и стратешки прашања Сектор за односи со јавност и протокол нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни.

Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шестмина поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, еден поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, двајца возачи поради неносење заштитен шлем при управување со мотоцикл, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило пајак;. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои шест лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања