Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во Скопје температура до 36 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

— реклама —

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9.

— реклама —

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

— реклама —

Од УХМР информираат дека следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе има чувство дека температурата на воздухот е повисока.

— реклама —

И покрај топлото време, претежно во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и услови за појава на краткотрајно невреме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања