Во Скопје во училишен двор нападнати и малтретирани малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
tepacka-1

— реклама —

Синоќа во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. „Призренска“, дошле три непознати лица со возило „фолксваген туран“ со непознати регистарски ознаки и истите започнале да ги малтретираат А.К.(18) и двајца 15 годишни и еден 17 годишен малолетник, а потоа физички нападнале други 15 и 16 годишни малолетници нанесувајќи им повреди.

— реклама —

По ова од непознатите лица биле испукани 2-3 куршуми во воздух од пиштол, по што напаѓачите го напуштиле местото. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што била пронајдена и подигната една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања