„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Скопје за еден казнети се 44 возачи поради возење без возачка, под дејство на алхохол, без возачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
skopje-ulica-soobrakaj-koli

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 28 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 44 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања