ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Во Собрание одржана дебата за можните локации за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_1226

Во Собранието на Република Македонија, попладнево, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, одржаа дебата со пратениците за можни локации за изградба на нов  Универзитетски Клинички центар.

— реклама —

При плодната дискусија се презентираа предложените локации со цел да се разгледаат сите можни аспекти за да се изнајде соодветна местополжба за новите и модерни текови во здравството, со кое директно на корисниците ќе им се овозможи да добиваат квалитетни здравствени услуги.

— реклама —

— реклама —

„За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, истакна министерот Филипче.

Локацијата за новиот Универзитетски Клинички центар треба да биде  транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега не користена за претходен урбан развој и на тој начин ќе претставува простор соодветен за здравствен развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања