Промени тема
Контакт

Во Собранието се случува партизација на Комисијата за избори и именувања од страна на власта, вели Мисајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
misajlovski09032021

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска од собраниската говорница порача дека во последните два дена во Собранието на Република Македонија се случува партизација на Комисијата за избори и именувања од страна на власта сакајќи да го разрешат членот на истата комисија Фадил Зендели.

-Она што се случува овие два дена во Собранието е партизација на комисијата. Граѓаните треба да знаат дека Фадил Зендели до вчера и одговараше на власта бидејќи беше дел од власта и за нив беше добар кадар да биде подпретседател, беше добар кадар да биде пратеник, но наеднаш не треба да биде ниту член на комисија која ќе одлучува за тоа кој ќе биде судија, но до вчера Фадил Зендели можеше да одлучува кој да биде а од денеска веќе нема да може односно откако ќе излезе власта да гласа бидејќи веќе не е дел од нивната коалиција и затоа јас би рекол дека е целосна партизација, рече Мисајловски.

— реклама —

Мисајловски истакна дека проблемот не е дали тоа е деловнички или не, туку проблемот што тоа се прави на сила.

— реклама —

-Дали е деловнички или не е деловнички тоа е не проблем . Проблемот е што е на сила. Најголемиот проблем е што на сила го менувате човекот што седи овде, човекот што е компетентен и што може да помогне, порача Мисајловски од собраниската говорница.

— реклама —

Мисајловски исто така истакна и дека Кацарска изигрува портпарол на власта и по медиумите и она најавува што треба да се случува во Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања