Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во спомен за загинатите во земјотресот во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Polozuvanje-cveke26-juli-2019-1

На градските гробишта во Бутел, домашни  и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од  катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.

— реклама —

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Исто така, цвеќе положи  и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советничките Ирена Попова, Халиде Полоши и Соња Глинџарска.

— реклама —

— реклама —

Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје што се случи пред 56 години, дадоа и делегација од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на СРМ, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања