Промени тема
Контакт

Во Србија пензиите пораснаа за 170, а во Словенија за 150 евра, а Ковачевски се фали со зголемување од 1000 денари, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika11-08032022

Трагично е колку владата администрирана од Ковачевски си поигрува со достоинството и интелигенцијата на пензионерите. Тоа што го укина владата на СДСМ пред три и пол години и го преставуваше како голема реформи, сега го враќа пак ама демек бил швајцарски модел, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, лажговците од владата на Ковачевски треба да признаат дека не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година. Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеа на пензионерите од пензиите. Ова е уште една потврда дека власта краде и лаже.

— реклама —

Второ, додека СДСМ и Ковачевски се фалат со зголемување на пензиите за 1000 денари во Србија пензиите пораснаа за 170 евра, а во Словенија за 150 евра.

Трето, без срам Ковачевски се фали со раст на пензии, а инфлацијата и поскапувањата на основните животни продукти е двојно, па и тројно поголема од процентот на покачување. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, струјата за над 30%, а горивата за над 70%. Поскапувањето го изеде покачувањето уште сега, а дури го добијат пензионерите ќе биде и пострашно.

— реклама —

Четврто, власта на Ковачевски одби конкретен предлог од ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, што ќе беше задоволителна мерка со оглед на падот на стандардот на пензионерите во изминатите 5 години.

— реклама —

Власта на СДСМ им украде десетици илјади денари на пензионерите до сега и не може да се прикажува како голем душегрижник со 1000 денари покачување. Напротив треба да се срамат и да се извинат на граѓаните, а казната за нивниот лоповлук ќе ги стаса многу скоро“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања