„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Србија уапсен Македонец за продажба на проекти за муниција - сакал да направи машина за муниција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lisici

Српскиот весник „Вечерње новости“ вечерва објави дека уапсениот државјанин  во Србија е Шевќет Д., кој прибирал докуметација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм во погоните на некогашната фабрика за муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабриката за оружје во Катар, каде е косопственик.

— реклама —

Како што јави дописникот на МИА, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во акција на Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и на МВР на Србија,  уапсени се – С.Д државјанин на Република Северна Македонија, сопственик на фирмата „Арс груп“ од Скопје, поранешниот инженер во „Први партизан“ Б.Г. од Ужице, Н.И. од Пожега- конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и М.М.

Според првичните информации од истрагата, како што објави „Вечерње новости“, повикувајќи се на оперативните сознанија на БИА и Вишото јавно обвинителство во Белград и во Краљево, „двајцата сегашни и еден поранешен вработен во „Први партизан“ веќе подолго време недозволено ја присвојувале и изнесувале техничката документација, со цел остварување на материјална корист добиена од конкурентни компании, пред сè, од Северна Македонија, Катар и Босна и Херцеговина.

— реклама —

Пензионираниот инженер Боривоје Г. во понеделникот се состана со Шефќет Д. во белградскиот хотел „Хилтон“ за да се договори за собирање и доставување на документација од поранешен работник во „Први партизан“. Според сегашните информации, Боривоје Г. за споменатиот сопственик на „Арс груп“ на претходна средба на 16 октомври во белградскиот хотел „Константин Велики“, во форма на аванс добил околу 30.000 евра. За останатиот дел, постојат сомнежи, дека веројатно требало да добие ист износ, по завршување на работата односно по достава на целата документација, објави „Вечерње новости“.

извор: пресингТВ.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања