Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во среда на 3 ти февруари, протестен марш под мотото „ Јавна соба е кривично дело“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
javna-soba

Во среда на 3 ти февруари во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото „ Јавна соба е кривично дело“., во организација на Платформата за родова еднаквост . Во објавата на социјалните мрежи организаторот на протестот пишува:

— реклама —

Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба, од Министерство за внатрешни работи до Јавно обвинителство - институциите кои треба да нè заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа.

Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.

— реклама —

Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.

Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.

Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство.

Маршот ќе започне точно во 14:30 часот пред МВР, а ќе заврши пред Јавно обвинителство. И на двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите и ги охрабруваме жртвите на Јавна соба, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса, да проговорат и побараат правда.

Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.

Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција, бидејќи држава која не постапува, е држава која силува!

Маршот е организиран од Платформата за родова еднаквост и ќе ќе ги почитува протоколите за безбедност.

Ќе носиме маски и држиме дистанца, а адекватен број на редари ќе се погрижат тоа да биде така од почеток до крај на маршот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања