Во Штип 24 деца во изолација, воспитувачка и негувателка од две градинки позитивни на ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gradinka-2

Во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ се регистрирани првите позитивни случаи на коронавирус меѓу вработени.

— реклама —

Станува збор за по еден случај во двете градинки. Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска за МИА ја потврди информацијата и вели дека станува збор за воспитувачка која по појавените симптоми на нејзиниот сопруг минатиот петок, побарале да се тестираат во приватна клиника. По пристигнатите резултати епидемиолозите веднаш во изолација ја ставиле нејзината колешка и 12 деца од групата.

Вработената нема симптоми, а сите во градинката работат според протоколите и со маски, не се контактира со останатите групи, па директорката Трајчевска вели дека ова не повлекува и други вработени или деца да бидат ставени во изолација.

— реклама —

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова вели дека кај нив има еден регистриран позитивен случај кај негувателка во објектот Росица во населбата Ново Село.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања