По само шест месеци, Ромките од Шуто Оризари повторно се оставени без матичен гинеколог.
Од Иницијативата на жени од Шуто Оризари на Фејсбук реагираат дека сексуалното и репродуктивното здравје на жените од оваа Општина повторно е ставено во ризик.
„Ве известуваме дека ординацијата на др. Божидар Бошковски од денес е затворена и докторот веќе нема да работи. Како главна причина поради тоа што докторот си замина стојат приватни обврски како и тоа што докторот заминува во пензија.
До крајот на овој месец, замена на др. Бошковски ќе биде др. Коруноски од ординацијата Коруноски МВР сметена во поликлиниката на МВР. Може да го контактирате во случај на неодложна потреба. Телефон за контакт:(02) 3 222 123
И покрај заложбите на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари прво за да се донесе гинекологот, па се до тоа да не си замине, жените од Шуто Оризари повторно останаа без матичен гинеколог и повторно се става во ризик нивното сексуално и репродуктивно здравје.
Апелираме и ги повикуваме надлежите институции, Министертво за здравство веднаш и итно да изнајдат долготрајно решение за матичен гинеколог за жените од Шуто Оризари. Потсетуваме само во последниот период од шест месеци, две Ромки-родилки починаа за време на породувањето.
Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари продолжува да застапува за овој долгодишен проблем со немање на матичен гинеколог, како и да им помага на жените да си ги остварат своите сексуално-репродуктивни права“, стои во објавата.
/266933171_1575145779485088_8136088742532840358_n" rel="attachment wp-att-152930">