Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Во тек е постапката за обновување и ажурирање на членството на онлајн медиумите во саморегулативното тело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kompjuter

Како дел од заложбите за заштита и промоција на професионалното  новинарство, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во соработка со Здружението на новинари на Македонија, информира дека е во тек постапката за обновување и ажурирање на членството на онлајн медиумите во саморегулативното тело. Постапката се одвива според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а кои тековно се консултираат со новинарската и медиумската заедница и се достапни на следниов линк: https://www.semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo.

— реклама —

Процесот ќе резултира со создавање регистар на професионални онлајн медиуми кој ќе ѝ помогне на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат наведените критериуми и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење. Резулатите од креирањето на регистерот ќе бидат соопштени во текот на ноември годинава.

— реклама —

Саморегулацијата на медиумите продолжува да биде заедничка заложба на нашите организации за доброволно воспоставување критериуми и придржување до нив во рамките на процес кој е отворен за јавноста. Во овој процес, освен медиумската заедница, ќе биде вклучена и бизнис заедницата. Кон иницијативата на СЕММ и ЗНМ за за афирмирација на саморегулацијата во онлајн медиумите се приклучи и Стопанската комора на Македонија, а целта на оваа соработка е преку изработката на регистерот да се олесни пристапот до реклами на бизнис заедницата во професионални онлајн медиуми наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди.

— реклама —

Повеќе информации за зачленување на онлајн медиумите во СЕММ може да добиете на следниот линк; https://www.semm.mk/chlenstvo/zachlenuvanje-semm и на следниве контакти: info@semm.mk и телефонскиот број 02 3 222 595.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања