Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во тек е процедурата за прибирање документација за лицата со попреченост за повластено паркирање за календарската 2024 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


ЈП Градски паркинг- Скопје со потсетување до граѓаните дека во тек е процедурата за прибирање на барања од страна на лицата со попреченост (ЛП) за користење на повластени услуги за паркирање за календарската 2024 година.


За таа цел, ги повикуваат лицата со попреченост, жители на град Скопје, да достават уредно пополнето Барање и во прилог да ги достават следните документи:

— реклама —

1. Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано;


2. Лична карта од лицето со посебни потреби на увид


3. Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од 1 (еден) месец;

— реклама —

4. Инвалидска книшка на увид;


5. ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид;

— реклама —

6. Лекарски наод од специјалист на увид.


Лицата кои веќе се имаат стекнато со дозвола за повластено паркирање за ЛП за календарската 2023 година, при поднесување на документација за наредната 2024 година, потребно е да ги достават само документите наведени под реден број 1, 2 и 3.


Согласно „Програма за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со попреченост за 2024 година“, право за повластено користење имаат лицата со следните дијагнози:

— реклама —

– Дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.


Доколку лицето со попреченост не е во можност лично да ги достави документите, тоа може да го направи негов роднина или близок, со потпис од корисникот на барањето и комплетната документација во прилог.


Ги повикуваат сите заитересирани лица да ја достават потребната документациja во канцеларијата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15а (во зградата до катна гаража „Беко“), до 7.12.2023.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања