Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во тек е реконструкцијата на булеварот Партизански одреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Екипите на Град Скопје ја почнаа реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди која е една од најфреквентните сообраќајници во градот. Градежните работи за обнова на коловозот ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, на должина од два километра.

- На овој дел од булеварот Партизански одреди целосно ќе се замени асфалтниот слој на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта ќе биде изведена комплетно нова коловозна конструкција. Нашата цел е да се намали периодот во кој може да настане застој во сообраќајот. Очекуваме реконструкцијата на овој потег да заврши за околу 30 дена и за неа Град Скопје ќе потроши околу 69 милиони денари – рече градоначалникот Шилегов на почетокот на градежните работи на оваа делница.

— реклама —

Тој потсети дека во текот на претстојното лето за реконструкција се предвидени повеќе улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

— реклама —

- Заради тоа, уште еднаш ги замолувам граѓаните за разбирање и апелирам на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје. Реконструираните улици се побезбедни за сите учесници во сообраќајот, а Градот Скопје во исто време работи на изнаоѓање и на алтернативни сообраќајни коридори за да се избегне метежот во иднина – нагласи Шилегов.

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека од денеска (13.06.2019 година, четврток) поради реконструкцијата на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, е воведен привремен режим на сообраќај.

— реклама —

Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази - во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот Партизански одреди на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата Лондонска, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена во движењето на автобусите на ЈСП.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања