На 21.12.2023 од 10.00 до 14.00 часот на поширокото тетовско подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.
„При контролата биле откриени и санкционирани 3 возила, односно возачи, од кои едно со неисправни сопирачки и две со непродолжена регистрација. Трите возила веднаш се исклучени од сообраќај и санкционирани се со изготвување на поднесоци со парични глоби кои се движат од 100 до 500 евра во денарска противвредност“, велат од МВР.
Покрај ова, со поднесоци се заокружени и 12 други видови сообраќајни прекршоци.