ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
w_56211861

Во Северна Македонија денеска се одржуваат десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаат еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија со коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден ќе трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

— реклама —

Избирачките места во шесте изборни единици се отвораат во 7:00 часот, а гласањето завршува во 21 часот. Се гласа за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број пред подносителот на листата.

— реклама —

Сите вклучени во процесот и граѓаните кои ќе одат на гласање задолжително мора да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а тоа се носење маска, држење растојание од метар до метар и половина, дезинфекција на раце при влез и при изле од гласачкото место.

Освен спецификата поврзана со коронавирусот, на овие избори првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и се со важечки документи и не се организира гласање во дијаспората бидејќи немаше доволен број пријавени македонски државјани за гласање. Сепак, овие лица доколку се во земјата денеска ќе можат да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.

Во Избирачкиот список се запишани еден милион 814 илјади и 613 гласачи. Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се 83.054, а во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени.

Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старските домови. Според податоците од ДИК, вчера вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања