Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Во Трпејца заврши традиционалната Меѓународна уметничка колонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Охрид
natasha

Вчера во Трпејца беше заокружена четвртата Меѓународна уметничка колонија со учество на уметниците: Петрит Лараку од Поградец- Албанија, Елена Ѓурѓиноска од Русија, Наташа Попоска - Карче, Хава Реџеп и Ѓоко Симјаноски сите од Охрид. Споменатите уметници изминатите четири дена сликаа и се дружеа во Трпејца со љубопитните мештани, учениците во подрачното основно училиште „Наум Охридски“ и туристите.

— реклама —

За моќта на уметноста и зближувањето меѓу луѓето говорат и пораките од уметниците Владисав Богичевиќ и Јовица Костиќ учесници на второто издание на колонијата, кои во знак на поддршка на организаторот ветија дека во својот роден град Ниш – Србија ќе изработат две свои дела кои ќе станат дел од годинашната Меѓународна колонија.

— реклама —
— реклама —

Животот на прекрасните слики веќе започна со нивното создавање и кога пандемијата со Ковид -19 ќе стивне се планира тие да бидат претставени во Поградец и Охрид.

Организатор на колонијата беше Здружението „ За Трпејца со љубов“ помогнато од Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања