Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Во Турција запалени 300.000 книги поврзани со Фетулах Ѓулен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
knigi-turcija

Турската влада нареди спалување на 300 илјади книги, за кои тврди дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник обвинет за државниот удар во 2016 година. Ова е дел од зголемениот притисок врз медиумите и издавачите во земјата, пренесува „Гардијан“.

— реклама —

Книгите се повлечени од училиштата и библиотеките. Фотографии од горењето беа објавени на интернет-порталот „Кронос27“. Проблематични се и иницијалите на Ѓулен, кои се тргнати од задача во учебниците по математика, па дури и името на американската сојузна држава Пенсилванија во која тој престојува.

— реклама —

Според ПЕН Интернешнал, 200 медиуми и издавачки организации беа затворени, 80 писатели беа подложени на прогон, а 5.822 академици беа отпуштени, по неуспешниот пуч.

МинистеротЗија Селџук минатата недела изјавил дека вкупно биле уништени 301.878 книги во акцијата на власта против сè што е поврзано со проповедникот Фетула Ѓулен, кој е обвинет како организатор на неуспешниот воен удар во земјата пред три години. Ѓулен отфрла секаква поврзаност со настаните.

— реклама —

Бројката на уништени книги првично беше објавена во весникот Хуриет, додека на новинскиот портал Кронос27 беа објавени и фотографии од палењето на книгите.

„Владата драстично го зголеми влијанието врз медиумите и издаваштвото, а со тоа и ги замолкна критичните гласови. Ги повикуваме властите да дозволат отворање на независни издавачки куќи и итно да ги прекинат активностите против слободата на говорот“, додаваат од ПЕН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања