Во учебник за математика стои „збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени“, за Шаќири е техничка грешка, а не неписменост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
zadaca-matematika-greska

Техничка е грешката во учебникот по математика за шесто одделение кој покажува дека збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени. Вака денес објасни министерот за образование Јетон Шаќири и рече дека побарал објаснување од авторите и рецензентите на учебникот за тоа како се случила техничката грешка.

— реклама —

„Што се однесува за таа забелешка за предметот математика за шесто одделение, почитуваните автори имаат техничка грешка, без разлика што ако се гледа целосно задачата има и неколку решенија странично од задачата.  Јас официјално побарав забелешки, зошто се работи за универзитетски професори, тие кои се вклучени. Кога тие ќе достават објаснување зошто е направена таа техничка грешка или решение на тие проблематики, веднаш ќе доставиме и до јавноста и исто така до наставниците или просветните работници“, рече министерот Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања денес на официјалното затворање на проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од Европската Унија.

Министерот Шаќири се обиде да ги оправда авторите и рецензентите на учебникот. Рече дека технички грешки имало и порано во учебниците, кога тој бил ученик.

— реклама —

„Има една изрека која вели дека и на најдобриот професор-математичар, студент му има најдено грешка во учебникот по математика. Вака како што забележуваме технички, имавме претходно содржински грешки. Мојот повик до сите тие рецензенти, до сите тие универзитетски професори, вие може да ги проверите кои се тие, ќе биде да побарам што повеќе да се внимателни“, рече министерот Шаќири.

На учебникот се потпишани тројца автори и тројца рецензенти. Автори се Крутан Расими, Валентина Гоговска и Снежана Ристовска, а рецензенти се Слаѓана Брсакоска. Шестмината не забележале дека во графичкиот приказ на триаголник, на 162 страница, во задачите за вежбање, ако се соберат прикажаните агли се добива 190 место 180 степени, колку што изнесува збирот на внатрешните агли во триаголник.

За грешката на социјалните мрежи алармираше професорката во скопското средно училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, Фросина Митрушева. Таа објави дека без разлика кој бил на власт, збирот на аглите во триаголник секогаш досега бил 180.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања