Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчеравечер ( 5 август ) од 23 до 23 часот и 40 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на 42-годишниот тетовец А.Б. При контролата биле приведени Е.Б.(25) од Република Албанија и М.П.(32) од Република Србија. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и ќе бидат предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.