Рекордни 4,4 тони кокаин спакувани во контејнери за брашно од соја и наменети за Того биле запленети во Монтевидео. Уште еден тон бил запленет на фарма во департманот Сорианокако. Станува збор за најголемата заплена на кокаин во Уругвај досега, објави канцеларијата на јавниот обвинител. Уличната вредност на дрогата надминува милијарда долари, според процените на локалните медиуми.
Уапсени се четири осомничени лица, меѓу кои и сопственикот на фармата. Тие планирале дрогата да ја сокријат во контејнери со соја и да се испратат кон пристаништетото Ломе во Того, на западот од Африка, според првичните сознанија на истрагата.