Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во услови на криза обезбедуваме стабилна економија и помош за граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0237

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедени се средства за повисоки плати и пензии, за поголема поддршка на земјоделците, но и за антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите.

— реклама —

Во услови на глобална економска и енергетска криза, обезбедени се дополнителни 76 милиони евра за антикризни мерки за помош на граѓаните во справувањето со последиците.

— реклама —

52 милиони евра издвојуваме за поддршка на земјоделците за да поттикнеме зголемување на домашното земјоделско производство.

Преку одговорен пристап, обезбедени се и доволно средства за рекорден раст на пензиите, за зголемување на платите во образованието и детската заштита но и за субвенционирање повисоки плати во приватниот сектор.

— реклама —

Ребалансот е уште еден чекор кон обезбедување на макроекономската стабилност и конкретна поддршка за стопанството.

— реклама —

Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните и полесно справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања