Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во услови на криза СДСМ презема мерки за да се зачува стандардот на граѓаните и економијата, вели Ристова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Владата предводена од СДСМ внимателно ги следи глобалните економски текови и последиците од агресијата врз Украина, вели Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

„Се преземаат сите мерки за да се зачува и унапреди стандардот на граѓаните, да се сочува економијата во услови на криза.

Апелираме до граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи.

— реклама —

Откако цените беа замрзнати, Владата донесе одлука за ограничување на маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо.

Истовремено, државата има задоволителна количина на потребните прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви.

— реклама —

Се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.

Централната банка изминатиот период информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен а стабилна е состојбата и со девизните резерви.

Помагаме и во надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните од енергетската криза.

— реклама —

Го намаливме ДДВ-то за струјата од 18 на 5%, ја субвенционираме струјата и спречивме големо поскапување.

Околу 7.500 домаќинства добиваат месечни субвенции од 600 до 800 денари за сметки за електрична енергија.

— реклама —

Следејќи ја ситуацијата Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи.

Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза.

Како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и ја помагаат домашната економија“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања