Во Уставот не е предвидено службен јазик во меѓународна употреба да биде друг јазик освен македонскиот, вели Најчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
najcevska

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи пишува дека според амандманот на Уставот на Македонија, на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

— реклама —

Како што додава, друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено во овој член.

— реклама —

„Според амандманот на Уставот на Македонија:

— реклама —

1. На целата територија во Република Македонија и ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, КАКО ШТО Е ОПРЕДЕЛЕНО ВО ОВОЈ ЧЛЕН.

ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.

Кој било граѓанин кој живее ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици

на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. СЕКОЈ ГРАЃАНИН ВО КОМУНИКАЦИЈА СО МИНИСТЕРСТВАТА може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.

ВО ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.

Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.

ЗНАЧИ, ВО УСТАВОТ НЕ Е ПРЕДВИДЕНО СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА ДА БИДЕ ДРУГ ЈАЗИК ОСВЕН МАКЕДОНСКИОТ.

НА МИНИСТЕРОТ ОВА ТРЕБА ДА МУ ГО ОБЈАСНИ ПРАВНАТА СЛУЖБА ВО МИНИСТЕРСТВОТО“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања