Во УЗ „11 Октомври - бараки“ засадени се 100 дрва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
sadi-drvo

Во урбаната заедница „11 Октомври - бараки“, денеска во организација на Ротаракт Клуб Скопје, а со поддршка од Општина Кисела Вода беа засадени 100 шестгодишни дрва.

— реклама —

Во активностите за садење дрва, вклучени беа повеќе членови на клубот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и дел од општинските работници.

— реклама —

Празната површина, лоцирана покрај трим патеката и железничките пруги, благодарение на донацијата од Ротаракт Клуб Скопје збогатена е со три видови дрва: платани, јавори и јасени.

— реклама —

Општината и во иднина ќе продолжи да соработува и да ги поддржува сите општествено одговорни правни субјекти, компании и невладини организации, кои водат грижа за животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања